18 Мај, 2024
0.0265

Развод на деценијата: Сопругата доби 33 милиони долари и остана незадоволна!

Објавено во: Стил 24 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Жестоката битка во бракоразводната парница на која како сведоци беа повикани милијардери од САД до Русија, а која фрли ново светло врз проблемот со парите во меѓународни даночни озази, заврши со доделени 20 милиони фунти ( 33 милиони долари ) во корист на сопругата , информира CNBC . Мишел Јанг, која била принудена да го замени луксузниот начин на живот со двособен стан, во кој живее со двете ќерки, кога нејзиниот сопруг Скот Јанг прогласува банкрот, ја нарече оваа пресуда од судот „срамна ". Според нејзините адвокати таа требало да добие помеѓу 300 милиони фунти ( 486 милиони долари ) и 400 милиони фунти ( 648 милиони долари ) . Во текот на седум години Јанг потрошила 6,5 милиони фунти ( 10,5 милиони долари ) главно позајмени , за да се обиде да добие дел од средствата во износ од 1 милијарда фунти ( 1,6 милијарди долари ) , кои се смета дека нејзиниот сопруг ги сокрил . Сепак , судот заклучи дека нема доволно докази дека Јанг, кој помина шест месеци во затвор за непочитување на судот сокрил толки многу пари. Судијата е пресуди дека имотниот инвеститор Јанг, кој тврди дека го изгубил богатство во неуспешен бизнис потфат, сокрил средства за едвај 45 милиони фунти и дека сопругата на Јанг има право да добие 20 милиони фунти од нив . Јанг , пак, треба да и плати во рок од четири недели. „Тоа беше една очајна седумгодишна борба за мене и моите ќерки со еден влијателен манијак кои смета дека може да сокрие огромно богатство , користејќи своите пријатели ", изјавила Мишел Јанг. За време на случајот во судот се јавија многу големи имиња во бизнисот. Скот Јанг имаше репутација на бизнисмен , кои гради за супер богатите , а неговата сопруга, која се уште одбива да му даде развод , добивала пари од некои од неговите богати пријатели додека тој бип пред банкрот. Милијардерот Филип Грин , кој го поседува TopShop ; финскиот бизнисмен По Заблудович кој располага со средства во Лас Вегас , рускиот милијардер Руслан Фомичев и лондонскиот ресторански магнат  Ричард Керинг сведочеа во текот на процесот.