18 Декември, 2025
0.1560

Развиле антитела иако не биле болни - ова ги збуни научниците

Објавено во: Свет, Корона Вирус 18 Ноември, 2020 17:47

Добивај вести на Viber

Научниците во Австралија се збунети откако деца развиле антитела на коронавирусот иако никогаш не биле позитивни. 

Тие развиле екстремно ефикасни антитела без никогаш да бидат позитивни на вирусот, објави РТ.

Се работи за петчлено семејство во кое двајцата родители се заразиле со коронавирусот откако биле на свадба во март без своите деца. 

Една недела по свадбата, мајката и таткото ги развиле првите симптоми, по што веднаш целото семејство е тестирано.

Но, резултатите покажале дека само родителите се позитивни и покрај близината со нивните деца.

Двата синови, на возраст од девет и седум години, развиле лесни симптоми како течење на носот, а целото семејство повторно било тестирано. И повторно, тестовите на децата биле негативни. Најмалото дете, петгодишно девојче, пак, останало целосно асимптоматско и покрај постојаниот близок контакт со родителите.

„Фактот дека овие деца биле во можност да го отфрлат вирусот дури и без да покажат позитивен резултат од тестот, сугерира дека тие имаат одредено ниво на имунолошки систем што е во состојба да одговори и ефикасно да се справи со вирусот, без да стане многу лошо“, изјави педијатарот Шидан Тосиф од Универзитетот во Мелбурн.

Истражувачите сега се сомневаат дека децата биле заразени, но нивниот имунолошки систем успеал да постави толку жестока одбрана што вирусот никогаш не се активирал правилно. 

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела