03 Мај, 2024
0.0268

Растот на летовите од Скопје поголем од просекот во и надвор од ЕУ

Објавено во: Економија 10 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Над 1 милион патници патувале преку аеродромите во Скопје и Охрид во првите 6 месеци од 2018 година, или поточно милион, 41 илјадa и 583 патници (1.041.583) патуваа преку Меѓународниот Аеродром Скопје и охридскиот аеродром Свети Апостол Павле, во првите шест месеци од 2018 година, што претставува годишен пораст од 21%, во споредба со првата половина од 2017 година. 

Во истиот период, јануари-јуни 2018 година, бројот на летови на двата македонски аеродроми достигна 9.033, со годишен пораст од 16%, додека европските аеродроми имаат просечен пораст на бројот на патници од 6,1% во 2018 година.

- Ќе продолжиме да правиме максимални напори за развој на аеродромите во Скопје и во Охрид, со привлекување на нови авиокомпании и проширување на мрежата на дестинации, во соработка со сите надлежни државни институции, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија. 

Растот на патничкиот сообраќај со 21%, којшто ТАВ Македонија го забележа од јануари до јуни годинава, го надминува и просечниот раст на аеродромите во земјите кои не се членки на ЕУ, каде што изнесува 12,5% во првиот квартал од 2018 година. 

Најфрекфентните дестинации според патничкиот сообраќај во првите шест месеци на Меѓународниот Аеродром Скопје се: Истанбул (двата аеродроми Ататурк и Сабиха Гокчен; 11% пазарен удел), Цирих (8,5%), Базел (5,8%), Виена (5,1%), Малме (4,6%) и Братислава (3,5%). 

Во однос на учеството на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, Виз ер превезува најголем број патници со 63,3% пазарен удел, а потоа следуваат Туркиш ерлајнс (8,1%), Аустриан ерлајнс (5,1%), Германија флуг (4,6%), Еделвајс (3,8%), Кроација ерлајнс (3,1%), Пегасус ерлајнс (3%). 

Од ТАВ Македонија очекуваат дека порастот на воздушниот сообраќај ќе продолжи со слично темпо и до крајот на годинава, имајќи ги предвид 5-те нови дестинации кои беа отворени на аеродромите во Скопје и во Охрид на почетокот од летната летна сезона во 2018 година. 

На 1-ви јуни, ЛОТ Полиш ерлајнс влезе на македонскиот пазар, отворајќи ги летовите меѓу Скопје и Варшава, нова дестинација која се опслужува шест пати неделно.

На аеродромот во Охрид беа отворени 4 нови сезонски дестинации - Истанбул, Ајндховен, Талин и Варшава.

ТАВ Македонија најавува нова редовна авиолинија од Охрид до Виена, која ќе биде воведена во ноември 2018 година. 

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски