04 Мај, 2024
0.0234

Расте бројот на богати жени во Кина, пазарот се врти кон луксуз

Објавено во: Стил 20 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Околу 2700 жени во Кина, располагаат со над 30 милиони долари, покажува извештајот на „Wealth-X“, а 39% од нив се под 40-годишна возраст. Тие се млади, живеат во големите градови и се имаат одлични кариери, но освен тоа знааи и како Богатите жени во Кина-да трошат пари. Истражување спроведено во Кина покажа дека половина од луксузните купувања во земјата се дело токму на жените. Производителите на автомобили како Ферари и Масерати, но и останатите кои порано се сметале за машки брендови имаат намера да се свртат кон потребите на кинеските жени, кои сепак мора да балансираат меѓу два света - традиционалното кинеско семејство (што останува многу важно) и модерниот начин на живот, опколени со луксузни предмети. Една од целите на жените, сепак останува константна, а таа е да се омажи за богат маж. „Овие жени сакаат сопруг, но било каков, туку исклучително богат", покажале резултатите од анкетата. Според нив, богатите жени сакаат да купуваат во странство, бидејќи веројатноста луксузните производи кои се продаваат во земјата да се лажни, е голема. Аналитичарите предвидуваат дека Кина ќе стане луксузен пазар број 1 во светот, најдоцна до 2020 година.