Растат платите во Словенија - колку изнесува просечната плата?
Објавено во: Економија, Балкан 20 Февруари, 2017
Растат платите во Словенија.
Во главниот град работниците земаат поголеми плати во однос на другите делови на земјата.
Просечната месечна нето плата во Словенија лани била 1.030 евра, што е за 1,8% повисока во однос на претходната година.
Просечната месечна бруто плата минатата година изнесувала 1.584,66 евра и била за 1,9% повисока од минатата година, објави словенечкиот завод за статистика.
Разликата на приходите во јавниот и приватниот сектор не се многу променети. Во јавниот сектор просечната нето плата изнесувала 1.185,60, а во приватниот 950,65 евра.
Највисоки месечни плати земаат вработените во енергетскиот сектор, банките, осигурителни компании, менаџментот на здравствените установи и во државниот врв.
Ако се прави споредба по региони, највисоки плати имале вработените во централниот регион на Љубљана, каде лани просечната плата изнесувала 1.118,06 евра, што е за 8,5% над националниот просек.