07 Мај, 2024
0.0245

Рашковски вели дека Сархемс ќе троши 9 милиони евра, но не знае дали има толку пари

Објавено во: Економија 06 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Сархемс има обврска да инвестира по 9 милиони евра годишно во својот бизнис во Македонија со хеликоптерскиот медицински тим за спасување, изјави Драги Рашковски, владиниот генерален секретар по завршувањето на повикот за јавно-приватно партнерство.

Владиниот функционер кој го води овој проект демантира дека државата ќе ги троши овие пари и дека вкупната сума за осум години би била 72 милиони евра државни пари. 

Тој вели дека во овој случај државата ќе дава само логистичка поддршка преку Брза помош,  кризните центри, МВР и армијата. 

- Нивата економска логика ќе биде во наплатата од осигурителните компании. Ако јас возам мотор, скијам или летам со параглајдер и скршам нога во некоја провалија тоа ќе го плати осигурителната компанија со која имам договор. Наместо државата да плати 4.000 евра за хеликоптер на МВР овој пат нема да плати ништо. Сме имале несреќа во Стајковци и знаете таму како беше, вели Рашковски. 

За штурите информации за тоа што се бара од приватниот партнер вели дека е тоа оправдано бидејќи се работи за стандарди кои однапред се знаат. 

- Постојат стандарди кога се алармира. САР и ХЕМ се стандарди кои се исти во Македонија и во Шведска и во Норвешка. Центарот за обука на пилоти не е во корелација со овој договор. Хеликоптерот има обврска за 15 минути што е можно поблиску да дојде до местото на инцидентот. Тоа се стандарди што не ги воведуваме ние. Тоа се пропишани стандарди. затоа нема информации во огласот бидејќи се знае според стандардот. Трошоците врз буџет се 0 денари. Жално е да се каже дека е 72 милиони евра. Државата добива два хеликоптери со целокупната опрема. Сите осум хелиодроми насекаде во државата остануваат за нас. Државата ги става своите капацитети на располагање, но само ако го побара тоа операторот, тврди Рашковски. 

Тој на медиумско инсистирање објави дека конзорциумот кој стои зад регистрираната подружница во Македонија се вика СХЏ Свидиш конзорциум како единствен учесник кој прифатил да и ги остави двата хеликоптери и опремата на земјата по завршувањето на договорот. 

- На јавниот повик се јавија пет компании. Ова е ремек дело што можело да го направи државата. Една компанија учествуваше затоа што баравме да се остават хеликоптерите и затоа само таа учествуваше.  Компанијата е подружница на учесникот и затоа фирмата е регистрирана на 24 дена пред повикот. Ние не треба да го знаеме нивниот бизнис модел. 24 часа треба да се достапни. Вредност на инвестицијата е 9 милиони евра. Тоа се пари на Сархемс. Треба да инвестира 9 милиони евра годишно. Тие може да си склучат договори со осигурителните компании. Бабхо герман хелткер сервис, вели Рашковски. 

Вели дека не знае колкав е приходот и добивката на компанијата бидејќи нема таква обврска и дека во рок од 30 дена ќе биде склучен договорот.

А.К. 

Можеби ќе ве интересира

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?