04 Мај, 2024
0.0264

РАШКОВСКИ: Парите на децата им се заштеда од родендени и од мекиците

Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Почетокот на судењето за случајот „Софтвери“ против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и шест други лица беше одложено денеска поради отсуство на обвинетата Маја Силјановска

Неговата одбрана се жали на доказите, за кои Рашковски вели дека се прибрани на незаконски начин. Тој тврди дека не стекнал средства на незаконски начин и дека се што поседува сега, поседувал и пред да биде генерален секретар. 

„Не може обвинителството да има доказ од наводно мои пораки кои се напишани на ворд документ. Замислете испаѓа дека во една секунда се пратени 43 пораки. Не може да дава докази кои произлегуваат од незаконско начин прибирање докази. Не може да инпутира така. Ќе дојдете на судење, ќе има инетресно судење, во делот на комјутерска форензика, ќе видите како се прибрае докази. Некој без знаење чепкаал по приватни пораки. Не би сакал да навлегувам сето тоа е предмет на постапка но се нудат податоци кои се апсурдни. Пораките инаку се искуцани на компјутерот на обвинителката, рече Рашковски.

Тој рече дека има плус 20 докази и дека има и нови сведоци меѓу кои и поранешниот министер Наќе Чулев, кои, како што рече ќе ја докажат целата постапка

На прашањето од каде парите на децата, тој рече дека тоа се негови средства.

Нити има хациенда нити ништо. Станува збор за купен плац, купен од мои средства, од кредит и тие средства потекнуваат од пред да станам генерален секретар. Плацот е купен со обезбедување мое  од момент кога не сум бил функционнер. Кога станав функционер не влегов без средства. Не постои разлика во мојот имотен лист освен кај подароците на моите две деца прибрани од родендени, мекици. Децата имаат само заштеда од нивните роденднени, а се друго што поседуваат е мој имот. Се вулгализира целата работа, се сум имал и пред да станам генерален секеатар, рече тој.

Додаде дека на своте картички уплаќал пари кои му биле дадени од Владата, откако ќе потрешел свои паи за патувањата во странство за хотелите или за наточеното гориво.

Во случајот, покрај Рашковски и Силјановска, се обвинети и Ивица Димитровски, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Христов и Игор Ивановски.

Судскиот процес го води судијата Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.



Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава