Рашковски не си оди од Владата, туку сега ќе биде секретар
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2020
Со владина одлука, што е на сила од вчера, се воведуваат три нови позиции „секретар“ и уште три „помошник-секретар“, од кои едната (за мониторинг и поддршка на институциите) била резервирана за досегашниот генерален секретар на Владата.
Драги Рашковски, доскорешниот генерален секретар на Владата, не си оди од „Илиненденска“ ниту откако вчера неговата функција ја презема Мухамед Зекири, потпретседател на СДСМ.
Рашковски, како што објави 360 Степени, е поставен на друга позиција во владиниот кабинет.