Рашкоски: Со реакцијата на Мукоски само се потврдува нивната вклученост
Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2017
Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашкоски реагира на соопштенијата на ФФМ и фирмата „Атриум“ доо Вевчани во врска со организацијата на УЕФА Супер куп во Скопје.
Граѓаните на Македонија имаат право да ги поседуваат сите информации во врска со организацијата на големиот фудбалски натпревар, Супер купот на УЕФА, стои во соопштението.
„Уште еднаш потенцираме дека и покрај опструкциите и неодговорното однесување на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор за време на мандатот на претходната Влада, ќе ги вложиме сите напори за натпреварот да се одржи на “Телеком арената” во Скопје, a очите на светската спортска јавност да бидат вперени кон Македонија. Иако фирмата „Атриум“ реагира, Мукоски нема да може да го скрие Договорот за ангажирање за варосување на ѕидовите на Стадионот кој ги содржи сите детали за кои информиравме на денешната прес конференција. Со реакцијата на Мукоски само се потврдува нивната вклученост, но и одговорноста која надлежните ја имале за преземените обврски наспроти исплатената цена. Атриум не може да се повикува на никаква итност во постапката, зашто забелешките на УЕФА до ФФМ прв пат стигнале уште во септември 2015 година, односно пред речиси две години“ - наведува Рашкоски.
Последните
забелешки испратени од УЕФА до ФФМ на адреса на Владата се пристигнати и
заверени во архивата на Владата на 22 јуни 2017, што е седум дена, а не седум
минути после датумот на кој УЕФА изреагирала до ФФМ.