18 Мај, 2024
0.0305

Рашела Мизрахи: Нападите само ќе ме охрабрат, семејствата чекаат помош

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Рашела Мизрахи, тејничката министерка за труд и социјална политика, на денешната прес-конференција ги повика комиите во социјалните служби да започнат со изготвување на решенијата на барањата за помош и нега од друго лице.

„Од 8500 барања за периодот 1.6.2019 до 1.10.2019 кои претходно ги споменав, до вчера, до 16 часот, решени се само 1589 барања за надоместок за помош и нега од друго лице. Во меѓувреме поднесени се 4603 нови барања, кои воопшто не се пуштени во процедура на решавање, а причината сѐ уште не е позната. Што значи, во оваа држава, во овој момент, има 11 514 нерешени барања за надоместок за помош и нега од друго лице. Напоменуваме дека дел од комисиите, до денес, немаат отпочнато ниту со решавање на истите. Ова говори дека Владата и Министерството претходно проблемите на граѓаните ги ставале под тепих. Тоа е недозволиво. Семејствата чекаат помош, а не ја добиваат. Ова што го зборувам, не е празна реторика туку нерешени предмети поткрепени со докумeнти. Како и за многу работи, така и за овој голем проблем, не ја зборуваат вистината“, рече Мизрахи.

Таа рече дека ова не е прашање на политика туку прашање на егзистенција и помош на луѓето на кои им треба нега. Ја повика и поранешната министерка Мила Царовска, која сега е вицепремиер за економски прашања, да дојде да направи увид во документацијата на нерешените премети и да се увери во, како што вели таа, вистинитоста на проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

„Нападите врз мене и мојот личен интегритет, само ќе ме охрабрат дополнително да се борам за она што сум дојдена, а тоа е безусловно решавање на секој проблем што го имаат граѓаните на мојата држава. Нема да престанам сѐ додека ова Министерство не стане сервис на граѓаните. Отворено, транспарентно, со целосно почитување на законите“, додаде Мизрахи.


Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност