Рама за убиството на Ивановиќ: Напорите за мирен дијалог не смеат да бидат прекинати
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2018
Албанскиот премиер, Еди Рама на својот Фејсбук профил напиша дека длабоко жали поради трагедијата што му се случи на Оливер Ивановиќ.
„Ова е чин кој промовира омраза и тензии. Напорите за мирен дијалог не смеат да бидат прекинати“- пишува Рама.
Оливер Ивановиќ е убиен утрово во Косовска Митровица, пред просториите на неговата партија.Обвинителството за организиран криминал денеска започна предистражна постапка во врска со убиството на претседателот на Граѓанска иницијатива „Слобода, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица.
Обвинителство до Министерството за внатрешни работи и Безбедносно-информативната агенција на Република Србија поднесе барање за собирање потребни информации во правец на кривично дело тероризам, се нагласува во соопштението.