Рама вели ќе биде фатално ако во Македонија не се случат уставни измени
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2022 16:56
Според албанскиот премиер, Еди Рама, фатално ќе биде ако не се смени Уставот за почеток на преговори со Европската Унија(ЕУ).
Вели дека ќе биде лошо ако по толку работа, Македонија се врати во изолација.
„Судбината беше да се здружат Македонија и Албанија во болка во долг период. За вас беше многу потешко, но и за нас не беше лесен пат. Измените во случајов за вашата земја мислам дека само слабоста, кратковидоста може да ја вратат за да имаме недоразбирање и да се создадат повторно проблеми“, изјави Рама.
За македонскиот премиер Димитар Ковачевски целта е земјата да стане полноправна членка на ЕУ. Бара сите пратеници да се однесуваат одговорно за иднината на следните генерации.
Македонија и Албанија денеска ја одржаа втората по ред владина седница и потпишаа серија договори.Македонската опозиција е против внесување на Бугарите во Уставот.
Минатата недела, претседателот на Левица, Димитар Апасиев на собранискиот претседател Талат Џафери повторно му ја испратил истата иницијатива за референдум дополнета со алтернативно прашање. Бугарија инсистира на внесување на Бугарите во Уставот. Дел од македонските политичари споменаа дека е потребен реципроцитет, односно и Македонците да ги внесат во бугарскиот Устав.фото Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




