Каква иницијатива му испрати Апасиев на Џафери?
Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2022 18:59
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на собранискиот претседател Талат Џафери повторно му ја испратил истата иницијатива за референдум дополнета со алтернативно прашање.
„Дали сте за преговори со ЕУ со прифаќање на собраниските ставови содржани во Заклучоците од 16 јули 2022”, гласи одговорот на Апасиев до спикерот Џафери кој од него побара корекција на првичната инцијатива за референдум.Лидерот на Левица му навел на собранискиот спикер дека има низа пропусти, нелогични толкувања и неточни констатации на првата верзија. Тој бара итно новиот предлог да биде проследен на матичните комисии, а во спротивно се закани со кривична пријава, судски спор, како и целосна блокада на Собранието.
„Во известувањето (од Џафери) од правен аспект има неколку бисери. Првата смешка на која спикерот се повикува е тоа што цитира сосема погрешни членови од Деловникот, ме третира како пратеник што во случајов не е така, јас сум во својство на физичко лице. Следната смешка на која искрено „се цепев” од смеење е тоа што заборавил во темплејтот во кој го враќал известувањето, ако се сеќавате за Христијан Мицкоски во својство на овластен предлагач поради тоа што не можело да се оспоруваат меѓународни договори, во случајов заборавил да го тргне Џафери, иако јас не се повикувам на таков закон за ратификација“, кажа Апасиев.
За Апасиев се спорни и уставните измени за кои власта бара широк консензус во Парламентот. Вели дека Левица ќе се согласи тогаш кога ќе има реципроцитет за Македонците во Бугарија.
Претходно, Џафери ја врати на доработка иницијативата на Левица. Иницијатива за референдум поднесуваше и ВМРО-ДПМНЕ, но спикерот ја отфрли.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




