Рама ќе ги попише сите Албанци во дијаспората
Објавено во: Балкан 20 Ноември, 2016
Албанскиот премиер Еди Рама планира да направи попис на албанската дијаспора.
Рама кажа дека е неопходен попис на албанската дијаспора за да се овозможи и гласање на истата на избори во земјата. Вели дека пописот ќе помогне за организирање на подобри активности на Тирана со дијаспората.
Тој ова го најави на првиот Самит на албанската дијаспора кој се одржа деновиве во Тирана.
„Албанија има потреба за поорганизирана соработка со Албанците кои работат и живеат во земјите на ЕУ и САД, но неопходен е попис за тоа да се реализира подобро“-кажа Рама.
На темата за обединување на сите Албанци во една држава, албанскиот премиер изјави дека обединувањето треба да се гледа во ЕУ.
За албанската опозиција првиот самиот е партиска пропаганда во интерес на власта во Албанија.
Оваа година Албанија имаше заострување на односите со дел од соседите.