Рагбист на колеџ ја уби девојката навивачка, па објавил на Твитер колку ја сака
Објавено во: Свет 26 Ноември, 2016
Американската јавност е шокирана од убиството на 16 годишната навивачка Ема Вокер која била застрелана од нејзиното 18 годишно момче Вилијам Рајли Гол кој игра како рагбист за колеџот во Меривил Тенеси.
Вилијам кој е обвинет дека по раскинувањето ја убил својата тогашна девојка, на Твитер пратил емотивна порака во која опишал колку му значела жртвата.
“Помислив дека ниеден заеднички спомен, ниеден важен момент кој го споделивме, повеќе нема да можеме да го оживееме…Те сакам Ема Џејн Вокер”, напишал Гол.
Фудбалерот на школскиот тим пукал во навивачката во понеделникот наутро додека спиела, а според зборовите на тетката на жртвата, Џени Велдон, не можел да се помири со фактот дека повеќе не се заедно. Пред да матурира Гол оваа година, двајцата оделе во истото училиште.