26 Април, 2024
0.0305

Ќе поевтинат хигиенските влошки

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Во рамки на мерките за даночни реформи, како и за праведност на даночниот систем во земајва, премиерот Димитар Ковачевски на денешната пресконференција, меѓу другото најави и намалување на даночното оптоварување на производите за менструална хигиена за жените.

Тој истакна дека со измените кои се планираат за даноците за следната година, ќе има намалување на ДДВ-то на производи за менструална хигиена од 18 на 5 проценти „за да придонесеме за поголема достапност на овие производи до сите жени“.

Премиерот појаснуваше дека во текот на изминтите три години нашата економија поминува низ најголемите предизвици како и другите земји поради кризите. Тој исто така посочи дека е донесен план за фискалана консолидација, истакнувајќи дека наплатата на даноците како процент од БДП е под процентот на земјите на регионот, и далеку под просекот на разивените земји.

-  Клучна карактеристика на новиот даночен систем е праведноста. Со восоставување на праведенданочен систем ќе делуваме и ќе ја темелиме реформата која ја планираме. Целиот концепт е поделен во четри категории. Првата група се данок на добива, данок на додадена вредно... каде ќе се прошири даночната база, а таргетирани се и даночните ослободувањеа. Планот е да се изедначат даночните обврзници, без оглед на дејнсота – кажа премиерот.

Воедно Ковачевски најави дека од следната година нема да се применува прогресивното оданочување, туку ќе се применува даночна стапка од десет проценти, а потоа најави дека меѓу плановите за даночна консолидација е и втората група мерки кои се насочени кон намалување на административнито товар за компаниите.

-  Со новиот концепт  ќе се спречи злоупотреба на даночното ослободување, а планот е казните за злоупотреба да бидат петкратно поголеми од ослободувањаето. Третата група се законот за инвалидни лица и закон за доброволно социјално осигурување. Предвидено е  решение за хонорарците, доколку сакаат на доброволна основа, самостојно да ги регулираат обврските за пензиско осигурување. Ќе се креира дигитална платформа, каде хонорарците ќе можат да одберат форма на здравствено и пензиско осигурување на доброволна основа... Тоа би се применувало по 1 јануари 2023 година – истакна премиерот. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“