18 Мај, 2024
0.0267

Радев и Павлопулос: Земјите од Балканот мора да ја почитуваат историјата ако сакаат влез во НАТО и ЕУ

Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Земјите од Балканот мора да ја почитуваат историјата и да развиваат добрососедство, доколку сакаат да влезат во Европската Унија и во НАТО, заклучија бугарскиот претседател Румен Радев и грчкиот претседател,  Прокопис Павлопулос, вчера во Атина.

Павлопулос рекол дека е потребно да се работи на создавање силна и обединета Европа и дека Грција го поддржува влезот на земјите од регионот во ЕУ и во НАТО. Сепак, тој истакнал дека има и услови што треба да бидат исполнети и дека соседните земји треба да ги почитуваат меѓународното право и европските достигнувања. Тој, исто така, ја обвинил и Турција за непочитување на културните и историските вредности.

„Немањето почит токму кон историјата, цивилизацијата и кон културата веќе ни праќа лоши сигнали. Не може да не се почитува статусот на светско културно наследство на црквата „Света Софија“ – вели Павлопулос, мислејќи  на минатонеделното читање на Куранот во овој храм во Истанбул.

И бугарскиот претседател, вели дека без заемно почитување на историјата не може да се почнат преговори со ЕУ.

„И Грција и Бугарија ги поддржуваат овие земји и ќе продолжат да ги поддржуваат, но треба да ги исполнат условите за членство. Многу важни услови за Балканот се добрососедските односи и меѓусебното почитување на историјата. Тие треба да бидат задолжителен услов за почнување преговори за членство“ – рече Радев.

Посетата на Радев на Атина доаѓа во време кога се зголемува фокусот за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Официјална Софија претходно соопшти дека една од главните точки на нејзиното претседавање со Советот на Европа во 2018 година ќе биде токму проширувањето на Унијата.

Можеби ќе ве интересира

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?