15 Мај, 2024
0.0261

Рачно изработени предмети за предновогодишната атмосфера –Mагичен базар во Скопје Сити Мол

Објавено во: Мои пари 18 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Во рамките на предновогодишната атмосфера, која годинава го носи името „Меџик Сити”, Скопје Сити Мол, во соработка со Занаетчиската комора на Македонија, го најавува предновогодишниот магичен базар, кој ќе се оддржи во молот. Рачно изработени предмети, накит и украси се дел од работите кои ќе можат да се најдат на базарот, а се убав новогодишен подарок. Како дел од настанот, предвиден е и избор на најдобар излагач, токму од посетителите кои ќе можат да го дадат својот глас и да го изберат најдобриот, за кој е предвиден интересен, новогодишен подарок. 2 „Базарот, кој ќе се оддржи од 18 до 21 декември, го организираме со цел презентација на уникатни и убави предмети, изработени од македонски раце. Заедно со Занаетчиската комора, одлучивме да воведеме и избор на најдобар излагач – нешто што посетителите преку пополнување на ваучер ќе можат да го направат. Оној кој ќе добие најмногу гласови, ќе може да го задржи својот штанд до крајот на календарска 2014 година во Скопје Сити Мол. Дополнително, продолжува со работа Сити Кидс Клубот со интерактивни претстави, креативни работилници и други интересни активности, а тинејџерскиот предизвик за учество во маратонскиот Плејстејшн турнир кој носи вредни награди, се отворен за нови кандидати. Веруваме дека ова е супер предновогодишна забава, која во форма на подарок, сакаме да им ја овозможиме на посетителите и со тоа, да им ја честитаме новата година”, истакна Александра 1 Шаровиќ Атанасовска, менаџер на маркетинг тимот на Скопје Сити Мол.Викендите за најмладите, кои веќе втора недела се оддржуваат во Сити Кидс Клубот, продолжуваат и понатаму. Детската претстава со кралицата Слаткица е вистински погодок за најмладите, заедно со едукативните игри. Пеењето во хорче, истотака ги започна подготовките за својот настап на 27-ми декември, а сите заинтересирани можат да се пријават за да земат учество во приредбата. 6 За крај, потрагата по Дедо Мраз во лавиринтот е во полн ек! Најголемиот лавиринт досега направен кај нас, предизвикува – Влези и пронајди го Дедо Мраз. Големата потрага по него продолжува, а ова е убава можност да го посетите предновогодшно, магично расположениот, Скопје Сити Мол. 9 8 7 4 3

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти