РАБОТНИЦИ НЕМА: Германците ги бараат по целиот свет
Објавено во: Финансии 19 Декември, 2017
Се проценува дека во Германија фалат 1.1 милион работници, односно повеќе од било кога претходно.
Нивната економија доживува раст, а немаат млади луѓе за работа.
Затоа германските компании бараат луѓе за работа по целиот свет.
Во третиот квартал имало најголем недостиг на работна сила.
Направена е евиденција на 110 професии за кои фалат кадри.
Тука спаѓаат инженери, ИТ стручњаци, лекари, трговци, занаетчии.
Фалат и физиотерапевти, фармацевти, водоинсталатери, работници за во туризам.
Но, се бара познавање на германски јазик, инаку патот до работа е многу потежок.