29 Април, 2024
0.0399

Работни места со најмалку стрес

Објавено во: Стил 11 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

За жал кај нас сеуште нема спроведено истражувања од ваков тип. Засега можеме само да претпоставуваме кои се најмалку стресни работни места. Можеби административец за кој нема место во канцеларија и пие кафе на улица Македонија би била најмалку стресна работа или можеби банкарски чиновник кој работи во сектор каде има помалку работа. Еден ден и ние ќе се потрудиме да направиме вакво истражување. Во меѓувреме погледнете ја листата на најмалку стресни работи во САД како и неколку карактеристики на овие работни места: Библиотекар Во САД заработуваат просечно околу 55.000 долари. Ќе се согласите мирната средина, опккружувањето со книги ја прават оваа средина навистина нестресна. Исто така доколку имате можност времето на работа може да го искористите да се надградите во други полиња. Фризер Оваа работа може да влезе и во домашната листа ако ја направиме некогаш. Иако фризерите се цел ден на нозе и сепак пријатното опкружувањето и дружењето со клинетите секако се главна предност на оваа професија. Инаку фризерите во САД заработуваат двојно помалку од библиотекарите или некаде околу 23.000 долари годишно Нутриционисти Американците имаат сериозни проблеми со тежината, токму поради ова оваа професија е доста барана. Креирање планови за дебелите луѓе да слабеат, не делува стресно и плус е добро олатено – околу 56.000 долари годишно Кројач Секој ден можност да се биде креативен, тоа според истражувањето е главната предност на оваа професија. Платени се околу 23.000 долари годишно. Професор на факултет Работа со млади луѓе, доста слободно време, можност за слободно креирање на обврските. Без дилема најмалку стресна работа и веројатно и во некое наше истражување би го завземала првото место, исто како и во САД. Згора на се најголема плата од овие наведени професии – просечно по 65.000 долари. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти