19 Мај, 2024
0.0271

Работи, знае, има и може! Која домашна компанија ќе подели 11,7 милиони евра дивиденда?

Објавено во: Економија 18 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Повеќе од половина милион евра од овие пари ќе останат во Македонија кај акционерите – физички лица. Околу 10 отсто од овие пари ќе ги земе државата за данок, а околу 10 милиони евра се дивиденда за извоз кај доминантниот акционер „Титан Цемент Недерландс Б.В“. И покрај тоа што дивидедната по акција е за речиси 40% пониска од претходната година, приносот од вложувањето во оваа хартија од вредност и во тие услови е високо конкурентен затоа што носи 4% на вложените средства (последната пазарна цена постигната на 11 јануари годинава)

Скопската цементарница „Усје“ продолжува да ја гради и негува својата репутација на дарежлив и редовен исплаќач на дивиденда за своите акционери. Годинава ќе ги зарадува своите 245 акционери со дивиденда од 20,7 евра (бруто) за секоја акција со право на глас.

Од вкупната добивка за 2022 година која изнесува 16,4 милиони евра поголем дел односно 10,23 милиони евра се наменети за дивиденда. Останатите 6,2 милиони евра се наменети за вложување во производствените процеси на компанијата која е единствен македонски производител на цемент.

И покрај тоа што дивидендата што ќе ја подели „Усје„ на своите акционери е значајно пониска од претходната година сепак износот е поконкурентен од банкарските камати. Според последната цена на таа акција постигната во јануари годинава приносот од дивиденда е нешто повисок од 4 отсто од вложените средства.

Предлог одлуката ќе биде ставена на гласање на престојното акционерско собрание, а секоја акција на „Усје“ ќе носи право на дивиденда на сопственикот заклучно со 30 мај годинава.

Во предлог одлуката е наведено дека дивидендата ќе биде исплатена во законскиот рок (до крај на септември годинава). Собранието на акционери ќе се одржи на 16 мај годинава.

Минатата година „Усје“ имаше значајно подобрување на приходите од редовни активности во споредба со претходната 2021 година. Приходите лани достигнаа 106 милиони евра што е за 25 отсто подобар резултат од претходната година. Сепак заради околностите предизвикани во значајна мерка од галопирачката инфлација и растот на сите трошоци оперативната добивка на друштвото е помала на 9 отсто.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа