Работел по 12 часа во Германија, а не земал ни колку хрватски минималец
Објавено во: Финансии 25 Септември, 2017
Работник од Хрватска кој заминал во Германија, неколку месеци уредно примал плата, но потоа почнале проблемите.
Голем е бројот на работници кои заминуваат во оваа земја, но и во Германија има работодавци кои не исплаќаат плати и кратат многу од работничките права.
Се случува и со тешка физичка работа да земат помалку од минималната плата.
Хрват за ХТВ раскажува дека на градилиште работел и по 12 часа, а не земал ни колку хрватски минималец.
Фирмата каде работел му останала должна 2.000 евра, но не е единствен, туку во иста ситуација се нашле уште десетина работници.
Драгана Бубуљ од проектот Германски сојузне синдикат вели дека има многу начини за вработување во Германија. Додава дека сите кои се измамени по мејл или телефонски можат да ги контактирааат за да стапат во контакт со работодавецот во Германија и да се изборат за нивните права.