07 Мај, 2024
0.0270

РАБОТЕЛ КАКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО МАРКЕТ - потоа го ограбил заедно со двајца други

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Работел како обезбедување во маркет и тоа го искористил за после две години, заедно со уште двајца други, да го ограби за голема сума од над 13 илјади евра.

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.Б.(26), А.Ј.(23) и И.Г.(34), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешка кражба“ во маркет во населба Ѓорче Петров, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 804.700 денари, или нешто над 13 илјади евра. 

„Врз основа на информациите на А.Б., кој пред две години работел во маркетот како обезбедување и ја знаел целосната поставеност на просториите во маркетот и на камерите од видео надзорот, на 17.04.2020 околу 23.00 часот, преку имот кој што граничи со маркетот, влегле во задниот дел од објектот, по што А.Ј. ја скршил камерата за видео надзор и го деактивирал сензорот за аларм во маркетот. Откако А.Б. и А.Ј. влегле внатре во маркетот, ги скршиле сите камери за надзор, го одзеле сефот со пари од дневен промет, како и поголема количина на цигари, парфеми, кремови, лосиони и алкохолни пијалоци. После тоа, во возило на третопријавениот И.Г. го товариле предметите и заминале“, стои во соопштението од Полицијата.

По преземени мерки од Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров-Одделението за криминалистички работи, по насоки и во содејство со ОЈО Скопје, било утврдено дека А.Б., А.Ј. и И.Г. го испланирале и го извршиле кривичното дело.

Можеби ќе ве интересира

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена