05 Мај, 2024
0.0321

Работа во Германија, се што сакате да знаете на едно место!

Објавено во: Мои пари 03 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

На Германија, судејќи по се, се повеќе и недостасуваат професионалци од разни области. Уште сега постои голема побарувачка за негувачи и ИТ професионалци. Од половината на 2012 година може да се добие и таканаречена „Сина карта“, која и на професионалците од земјите кои не се членки на ЕУ, им овозможува работа, покрај останатото и во Германија.

Во оваа рубрика, ќе ги пронајдете најосновните, корисни сервисни информации за тоа како до работа во Германија!  При тоа, имајте на ум дека нашата редакција не располага со информации за актуелна побарувачка на германскиот пазар на труд. За сите додатни информации, неопходно е да се обратите на институциите, кои се споменуваат во текстовите на оваа страница. Во некои од нив, ве очекуваат и линкови, како и телефонски броеви.

Сина Карта

Ако имате конкретна понуда за работа во Германија, можете да добиете таканаречена Сина Карта на ЕУ“ . Се работи за комбинирана дозвола за престој и работа во некоја држава членка на ЕУ. Но, како се стекнува правото на овој документ?

Тоа е комбинирана дозвола на престој и работа. Им се доделува на лицата на кои им е понудена бруто плата од најмалку 46.400 евра годишно.

„Сината Карта“ начелно не важи за сите професии и занимања, но таа практично се доделува на професионалци од социјаните науки. Кога станува збор за други професии и занимања, во Германија се води како MINT - математика, информатика, природни науки и техника. Припадниците од оваа група се во предност над социјалните науки. Во нивниот случај „Сината Карта“ може да се додели и на оние на кои им е понудена бруто плата помала од горе наведената сума - доколку одговара на германските плати од овие професии. И во тој случај нејзиниот бруто износ мора да биде најмалку 36.192 евра годишно.

Ако немате обезбедено работно место во Германија, можете сами да побарате на лице место: тоа значи дека можете да добиете довола за шест месеци - за барање работа.

И меѓу оние кои спаѓаат во групата  MINT ги има оние кои на Германија и се потребни и оние кои и се помалку потребни. Оние кои Германија ги бара се наоѓаат на општата листа на дефицитарни занимања.

Проверка на квалификации 

Како да проверите дали ги имате потребните квалификации и дали Вашата диплома за стручна подготовка се признава? Постојат повеќе можности да проверите како стојат работите со признаените дипломи или потврди за стручна подготовка во Германија.

Една од нив е интернет порталот на германски и англиски јазик (кој ја има и опцијата „едноставен германски“) кој му  припаѓа на Владиното Министерство за образование и истражување:

http://www.anerkennung-in-deutschland.de/html/de/

На овој портал имате и дежурен телефон на служба кој ќе ве информира за начинот на кој можете да проверите вашата диплома или потврда. Службата и припаѓа на Сојузната канцеларија за имигранти и бегалци и со неа можете да комуницирате и на англиски јазик.

Број на телефонот:  + 49 30 1815-1111

(Од Германија: 030-1815-111)

работно време: од понеделник до петок од 9 до 15 часот

Се работи за број на кој можете да добите први информации за понатамошни чекори. Важно: тука не можете директно да добиете информација дали и под кои услови Вашата диплома се признава - но можете да добиете информации на кој да му се обратите во цел на тоа признавање, односно кои се понатамошните чекори кои треба да ги превземете.

На овој портал можете исто така да најдете доста корисни општи информации за можностите за наоѓање на работа во Германија.

Знаење на Германски јазик

За да бидете во можност да работите некоја работа во Германија, неопходно е да имате одговарачко знаење на германски јазик. За кое ниво на знаење се работи и како може да го научите овој јазик -поопширно во оваа рубрика.

Од странци кои можат да се вработат во дефицитарните занимања се бара знаење на јазик од степен А2. Категоријата „А“ подразбира елементарна употреба на јазик кој одговара на прв и втор курс DW „Германски - зошто да не“.

Тој курс можете да го пронајдете на интернет заедно со вежбанка и лекции во аудио-форми за слушање и вежбање на изговорот.

Еве кои линкови ќе ви помогнат:

http://www.dw.de/u%C4%8Dite-nema%C4%8Dki/s-3759

http://www.dw.de/u%C4%8Dite-nema%C4%8Dki/deutsch-warum-nicht/s-3787

http://www.dw.de/u%C4%8Dite-nema%C4%8Dki/deutsch-interaktiv/s-10693

Повеќе корисни информации можете да побарате овде.

И.Р.

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ