03 Мај, 2024
0.0251

РАБОТА ВО АВГАНИСТАН: Високи плати и голем ризик по живот

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Во Авганистан може да се заработат и по 6.000 долари месечно, но ризикот по живот е голем.

Вака работата во оваа земја каде се војува ја опишува средовечен кумановец, кој сака да остане анонимен од причина што компаниите за кои работеле ги обврзуваат да не даваат детали јавно за нивниот ангажман.  Во Авганистан бил 3 години, работел во кујна  и вели дека може добро да се заработи,  но ризикот е голем.   Се аплицира по пат на интернет.  Пред  да ја добие работата  кандидатот мора да приложи документи дека не е осудуван,  да помине здравствени прегледи,  да владее англиски јазик.  Кумановци обично ги распоредуваат во Багрем или Кандахар.  Некои од нив се вратени во родниот град, а дел уште се на печалба.

„Се работи по 12 часа дневно.  Платата може да биде до 6.000 долари, и повеќе зависно од работната позиција.  Имаше возачи, водоинсталатери,  електричари, работници  за во кујна, администратори и уште некои работни места.  Одмор можеше да се користи на секои  100 дена, и плаќаа повратен билет.  Процедурата  е иста,  се лета  Дубаи –Истанбул-Скопје.  Инаку онака нема одмор  и се работи секој ден.  Напад на база може да се случи во секој момент и затоа се одржуваат брифинзи за тоа како треба да се заштитат луѓето.  Кога имаше узбуна и по неколку часа се криевме во бункери.  Имаше случај граната падна во база и повреди цивили.  Не смеат многу да зборуваат за тоа што таму се случува.  Ризикот е 75%, никој не гарантира безбедност. Јас бев 3 години, а има луѓе кои се во Авганистан и по 12 години“ – вели нашиот соговорник.

Работниците ги вработуваат  американски компании кои даваат логистика на војската, а базите обично се во близина на аеродроми  за да има дотур на храна и други работи.  Од денешна перспектива, овој кумановец  вели дека парите мачно заработени во Авганистан се вложени во купување на станови и скапи автомобили во Куманово.

„Највеќе се купуваат станови  или се реновираат куќи.  Во бизниси многу малку се вложува“ – додава тој.

Според  некои  слободни проценки досега  над 5.000 граѓани на Куманово биле на печалба во Авганистан, а економските  анализи покажуваат дека тие  на градот му донеле финансиски прилив од  милијарда долари.

Сања  Атанасовска


Можеби ќе ве интересира

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години