17 Мај, 2024
0.1986

Путин: Нашиот став кон Украина е потполно исправен

Објавено во: Свет 18 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Претседателот на Руската федерација, Владимир Путин, на годишната прес – конференција истакнал дека позицијата на Русија по однос на прашањето со Украина е подполно исправна, но дека западните „партнери“ и по падот на Берлинскиот ѕид продолжуваат да подигаат нови барикади без оглед на обидите на Русија да соработува со Европа и светот. „Западните партнери сметаат дека тие се „империја“, а сите останати „вазали“. Не престанаа со подигање ѕидови наспроти сите наши обиди да соработуваме со Европа и светот“, истакнал Путин. Според него, било каков чекор и да направи Русија, тој секогаш наидувал на спротиставувања од страна на западните партнери. Кога станува збор за ситуацијата во Украина, Путин нагласил дека доколку Киев е заинтересиран за мир, тогаш мора да ги признае и интересите на граѓаните на Донбас, како и дека Русија е подготвена да биде посредник за почеток на дијалогот во Украина. „Кризата во Украина мора да биде решена со политички средства“, нагласил Путин, додавајќи дека Русија ќе продолжи да му помага на Донбас. Според Путин економската блокада на овој регион е пат без перспектива. Според зборовите на рускиот претседател, во Украина се борат доброволци, а тие не се платеници. Тој, исто така, истакнал дека Москва не се сомнева во намерата на украинскиот претседател да ја нормализира ситуацијата во Украина, но додал дека тој не е единствен во земјата и дека се слушаат гласови за решавање на проблемите со потсредство на сила.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра