Путин му се јави на Ердоган и го дисциплинираше, Асад е безбеден
Објавено во: Свет 01 Декември, 2016
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган веднаш ја повлече својата изјава дека со армијата ќе го руши диктаторот Башр Ал Асад откако добил дисциплинирачки телефонски повик од страна на Владимир Путин.
По неговата непромислена изјава, веднаш со загриженост реагираше официјална Москва која бараше објаснување на тврдењата за промена на мисијата на турската армија, посочувајќи дека единствено руските сили престојуваат легално во Сирија по покана на нивната влада.
Ердоган сега вели дека турската армија ќе го даде својот придонес само во борбата со тероризмот и дека нивната мисија не е насочена против државата или власта во Сирија. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров побара од Турција поголема соработка на воен план за успешно завршување на мисијата во Сирија.