ПУТИН И МЕРКЕЛ ОЧИ В ОЧИ: Дали Русија и Германија ќе успеат да најдат заеднички јазик?
Објавено во: Свет 02 Мај, 2017
Германскиот канцелар Ангела Меркел ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Тоа е првaтa нејзинa посета на Русија од 2015 година.
За време на еднодневната посета се очекува канцеларката да одржи два круга преговори, a меѓу нив ќе се одржи прес-конференција.
Повод за посетата на Меркел по двегодишниот прекин ќе е подготовката на самитот на Г-20, кој ќе се одржи во Хамбург во јули.
Во моментов Германија претседава со групата на 20-те најголеми економии во светот. Двајцата лидери ќе се состанат во вторник во црноморското одморалиште Сочи.
Меѓу темите се ситуацијата во Украина, Сирија и Либија. Се очекува да разговараат и билатералните односи.
Односите меѓу Москва и Берлин се затегнаа откако Русија го анектираше Кримскиот полуостров во март 2014 година .