Путин и Ердоган ќе се сретнат во Москва - Односите ќе се подобрат
Објавено во: Свет 24 Февруари, 2017
Претседателот Владимир Путин во Москва ќе го пречека турскиот колега Реџеп Таип Ердоган на нова средба на која треба да се подобрат односите меѓу Русија и Турција, да се врати економската соработка, да се направи нов план за учество во антитерористичката војна во Сирија, како и да се врати реализирањето на гасоводот Јужен тек.
Според портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков средбата ќе се одржи од 9 до 10 март во Москва.