Путин го советувал Вучиќ да го купи ракетниот систем Панцир
Објавено во: Балкан 23 Февруари, 2020
Србија е единствената земја во регионот што има ракетен систем „Панцир С1“, одбранбена алатка, но и алатка што ја прави Србија посилна, нашата воена неутралност суштинска и истовремено ни ја зајакнува политичката позиција, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Според него, не постои сомнеж дека Панцир ќе биде причината притисоците врз Србија се зголемуваат.
По повод пристигнувањето на двата системи на Панцир од вкупно шест, тој рече дека станува збор за скапи, но исклучително вредни оружја.
Тој рече дека за некои ова е само страничен збор, а многумина би рекле „што ќе прават овие скапи машини“, повторувајќи дек тие се многу скапи, но исклучително вредни.
Вучиќ рече дека рускиот претседател Владимир Путин го советувал да го купи „Панцир“, бидејќи тој се покажал како одличен во конфликтот во Сирија.