Две лица се убиени во студентски дом на Универзитетот во Мичиген, објавија светските агенции.
Жртвите не биле студенти, а за нападот е осомничено 19-годишно момче за кого полицијата објави дека е вооружен и опасен. На студентите им се дадени инструкции да се засолнат кога се случил нападот.
Универзитетот прогласи вонредна состојба на својата Фејсбук-страница.