14 Мај, 2024
0.0283

Публицис Македонија со бронза на Европскиот креативен фестивал Евробест 2014

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

На завршната церемонија на европскиот креативен фестивал Евробест 2014 кој се одржа во Хелсинки, Финска, Публицис Македонија се закити со уште една награда за проектот Alzheimer’s News Editors работена за Националниот институт за неврологија. На фестивалот агенциите се натпреваруваа со најкреативните проекти во вкупно 15 категории, а Публицис Македонија ја освои бронзата во категоријата Медиа.

„ Ова е навистина успешна година за нас имајќи во предвид дека ова е четврта награда по ред во оваа година. Пред само 2 месеци нашиот труд беше награден и на интернационалниот фестивал Голден Драм, каде освоивме злато и сребро, како и сребро на престижните Euro Effie награди во Брисел за регионалната кампања за Аргета. Горда сум и благодарна но мојот тим со кој успеавме на вистински начин да ја канализираме креативната енергија создавајќи еден ваков проект кој предизвика внимание кај нашите колеги на фестивалите. Би сакала да им се заблагодарам и на нашите клиенти без чија поддршка и доверба не би ги имале овие награди. Среќни сме и ова ќе биде мотивација за нас следната година да реализираме уште повпечатливи проекти“, изјави Александра Дилевска, извршен директор на Публицис Македонија.

Целта на кампањата беше да се информира за потребата за навремено откривање на симптомите од Алцхајмеровата болест, каде луѓето најчесто се сеќаваат на нешта од минатото, но не и на работи што се случуваат во сегашноста. Претставивме разговори со Алцхајмерови пациенти, за она што се најновите вести за нив, а од нивните одговори креиравме „вести од минатото”. На светскиот ден за борба против Алцхајмер на насловните страни на весниците беа објавени вести од минатото, а исто така вестите на ТВ станици беа заменети со вести од минатото. Главната порака на целиот концеп беше: Ова се најновите вести за луѓето со Алцхајмерова болест" изјавија од креативниот тим на Публицис Македонија.

Евробест фестивалот е организиран од компанијата Lions Festivals, која секоја година го организира и најголемиот светски фестивал на креативноста Cannes Lions. Претходните три години, фестивалот се оддржуваше во Лисабон, а преходни домаќини биле и Хамбург, Амстердам и Стокхлом.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти