03 Мај, 2024
0.0267

Пржино и нашите спржени глави

Објавено во: Колумни 19 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Колку станува мачно да се следат „пржинските“ перипетии. Просто ми е жал што државичката ми се препелка во запршката на Пржино.Ќе има избори, ќе нема избори, може да се прочисти избирачкиот список, не може да се прочисти... калкулации до бескрај. Пржино ни е второ „сместување“, во поновата историја. Да се разбереме, ваквите „договори“ се резултат на сопствените „запршки“, на сопствените ни глави. На нашето неразбирање, поточно на неразбирањето на политичките елити што значи јавен интерес,демократија, плурализам, раководење со институциите. Што сакам да кажам? Дека не постои совршен систем, дека не постојат совршени закони или совршен устав, она што е најважно, како во личните животи, така и во општествените односи е волјата да се движиме кон совршенството. Секогаш кога ни се создава одредена криза во државата ние мислиме дека тоа е резултат на несовршеноста на законите, или правилата на игра, па се зафаќаме да ги менуваме правилата на игра. Не дека општеството не е еден динамичен систем кој бара постојана интервенција и инвенција во правната регулатива, но она што се нарекува општествени и посебно, политички односи е малку поширок концепт за да може да се опфати само со формална нормативност. Во тие политички односи се вклучени следниве елементи: 1. органите на државата(организацијата на органите на власта – парламент, претседател, судови...); 2. механизмите и процесите со кои се конституира и реализира власта (избори, законодавна дејност, референдуми...); и 3. субјектите вклучени во овие политички односи (носители на власта, граѓани како суверен....) Е сега, првиот, а делумно и вториот елемент се релативно стабилни и се помалку или повеќе дел од правната сфера. Делумно вториот, а особено третиот елемент – субјектот, т.е. субјектите во политичките односи се политичка категорија и главно зависат не од пишаното, туку од непишаното, т.е. од политичката култура. А особено од волјата и моралот. Значи, до сега и причините и решенијата за сите кризи ги лоцираме во првите два елемента. И реагираме и интервенираме само во двата елементи: менувавме закони, устав, преговаравмеиносевме договори. Мислевме дека ни се проблем органите на државата, а не нашата волја и демократски капацитет. Но проблем не се органите, туку нашите глави, т.е. главите на политичките елити. Нивната волја, капацитет, желби, па ако сакате и морал. Не е до органите или законите, туку до културата. До разбирањето дека водат држава, а не лични бизниси или локално гранапче. Швајцарија, на пример, во Сојузниот совет го рефлектира бројот на припадници на трите јазични заедници, иако уставот никаде не го бара тоа. Значи не е до законот или уставот – до главата е, до субјектите вклучени во политичките односи кои разбираат дека органите и законите треба да ја одразуваат реалноста. Нам пак од друга страна, ни требаше Рамковен договор за да разбереме дека институциите треба да ја одразуваат етничката реалност. Сега пак, откако го имаме истиот, се користи не за да ја одрази таа реалност (за што меѓудругото и беше создаден), туку да се злоупотребува за партиски пазарења и „вдомувања“ на неписмени партиски кадри (кои патем ништо и не работат), само заради тоа што тоа буквално е „словото“ на Рамковниот. Тоа значи дека нас „уво нè боли“ за реалноста, а со тоа и за државата воопшто. Пазете, во конкретниот историски миг ние не очекуваме оставка од политичкиот врв само заради едноставниот факт дека посведочивме злоупотреби и криминал, туку заради некаков договор!? Замислете, се прашуваме треба или не треба да следат оставки врз основа на договорот од Пржино, а не врз основа на умот и разумот! Колкав ли е нашиот праг на толеранција кога сето ова го толерираме! Што кожа ќе имавме? Видете, СФРЈ на пример, се распадна со „идеален“ устав. Па има ли по „идеална“ одредба од следнава што можете да ја најдете во истиот: „Во СФРЈ целата власт припаѓа на работничката класа во сојуз со сите работни луѓе од градовите и селата“!И „припаѓајќи“ ù на работничката класа, „испржените“ глави на вождовите ја делеа како да е на татко им имотот. Уставите и на најдиктаторските земји, верувајте во себе содржат воспеви за универзални и општо прифатливи вредности. Во нашиов случај се фатиле, меѓудругото и за Закон за aудио и аудиовизуелни медиумски услуги кој беше донесен неодамна. Се разбира донесен без поддршка на опозицијата и не без забелешки. И се разбира не е идеален, делеку од идеален е. Но, сакам јавно да прашам – кој е тој идеален закон? Каде, во која земја може да се спречи валканата, нецивилизирана свест да најде „дупка“ во секој закон и сосема „законски“ да ги малретира неистомислениците. Една варварска, политички несензибилна свест ниту еден закон нема да го спречи истата да ја манифестира. „Сељакот“ (не „селанин“ – тоа е апсолвирано), не е сељак заради тоа што живее в село или в град, ами едноставно оти тоа му е карактерот! Нашиве „политички сељаци“ ќе останат тоа и покрај сите закони на светот! Затоа мислам дека проблемот е во „елитите“, во дивјаците кои како вождови на племиња раководат со државава или за свои лични интереси или без свест за општото добро. Затоа, убеден сум дека клучниот проблем е во фактот дека умните не се таму каде што треба да се. Време е да дојдат некои што разбираат концепти, што знаат што е правда, што е партиципативна демократија, што е демократија воопшто, што е граѓанин, што е граѓанско општество, што се работнички права, малцински права, човечки права воопшто. И не само што разбираат, туку и што веруваат во концепти. Што не само што знаат што е правда, солидарност, партиципативност...ами тоа им е дел и од личниот вредносен систем. Такви едни дечки, нови, модерни, образовани дечки верувам дека доаѓаат. Впрочем веќе се овде. Еве, веќе се организираат во нова партија „Левица“, со претходно долга историја на борба за поправедно општество. Тие дечки се бореа со години само заради идеали! И се бореа достоинствено, незаштитени и не поддржани од никаков центар на моќ. Само заради длабокиот човечки порив да се заштитат послабите. „Ленка“, „Солидарност“ и другите невладини здруженија и поединци (кои го чинат костурот на „Левица“) долги години со скромен буџет, но огромна жар го бранеа достоинството и честа на оние без глас. И беа и нивниот глас и нивната сила. Скоро како мисионери – оти за тоа не бараа ниту награда, ниту аплаузи, доволно беше што помагаа – тоа им беше единствената и награда и задоволство. Тоа доволно говори дека овие дечки имаат не само разбирање на концепти, туку и верба во истите, дека тие концепти се дел од нивниот личен вредносен систем! Јас верувам во овие дечки! Д-р Трајче Стојанов

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина