01 Ноември, 2024
0.0278

Првиот тунел готов за седум месеци, интензивно се гради автопатот Демир Капија – Смоквица

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Интензивно се гради автопатската делница Демир Капија – Смоквица. Засега, посочуваат надлежните очекувањата се надминатио и место планираните 7,9 проценти, реализирани се над 11 проценти. Сега се пробиваат тунелските цевки од првиот тунел долг 1 километар, кој треба да биде завршен за седум месеци. Како што изјави денеска премиерот Никола Груевски, се работи за сериозна инвестиција вредна околу 220 милиони евра.

„Досега се исплатени околу 24 милиони евра, а до крајот на годината ќе бидат исплатени околу 55 милиони евра. Следната година се планира да бидат инвестирани дополнителни 55 милиони евра и година подоцна околу 60 милиони евра и преостанатиот дел во првите осум месеци од 2016 година кога треба да заврши изградбата на овој автопат, изјави Премиерот.

Планирано е да се гради уште еден тунел и  шест мостови. Со завршувањето на оваа делница ќе биде завршен и целиот автопат кој почнува од границата од Србија па до границата со Грција. Делницата Демир Капија – Смоквица е автопатско решение со по две ленти, секоја од нив со ширина од 3,5 метри. Ќе има  и две клучки кон населеното место Миравци и Смоквица.

Изградбата на автопатот, чиј изведувач е грчката фирма „Актор“, започна пред девет месеци.  Вкупната инвестиција е 257 милиони евра од кои 130 милиони се од Европската инвестициска банка, 45 се ИПА гранд од ЕУ, 170 милиони од Европската банка за обнова и развој и шест милиони евра се од Буџетот на Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа седница за пратенички прашања, опозицијата и власта си разменија остри зборови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа седница за пратенички прашања, опозицијата и власта си разменија остри зборови

ПИСОНЕРО: Сите политички сили во Македонија да се обединат за да се спроведат уставните измени

ПИСОНЕРО: Сите политички сили во Македонија да се обединат за да се спроведат уставните измени

АДВОКАТИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ТВРДАТ: Христијан Пендиков не бил тепан зашто се чувствува како Бугарин

АДВОКАТИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ТВРДАТ: Христијан Пендиков не бил тепан зашто се чувствува како Бугарин

ТОШКОВСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Вие 300 пати ми побаравте оставка

ТОШКОВСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Вие 300 пати ми побаравте оставка

АПАСИЕВ ПРАША ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ПАЛЕСТИНА: Mицкоски повика на мир во Газа, Украина и секаде во светот

АПАСИЕВ ПРАША ЗА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ПАЛЕСТИНА: Mицкоски повика на мир во Газа, Украина и секаде во светот

„ПАДНА“ ОДЛУКА: Уставниот суд ја поништи одредбата за верски обреди во армијата

„ПАДНА“ ОДЛУКА: Уставниот суд ја поништи одредбата за верски обреди во армијата

ГРАЃАНИТЕ ДОБИВАЛЕ ПОРАКИ ДЕКА СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРАВНИ ПОСТАПКИ: Измами во име на МВР, внимавајте

ГРАЃАНИТЕ ДОБИВАЛЕ ПОРАКИ ДЕКА СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРАВНИ ПОСТАПКИ: Измами во име на МВР, внимавајте

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе град во западниот дел

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе град во западниот дел

(ФОТО) СЕДЕШЕ ВО ДРУШТВО НА ЖЕНА: Груевски e фотографиран во јапонски ресторан во Будимпешта

(ФОТО) СЕДЕШЕ ВО ДРУШТВО НА ЖЕНА: Груевски e фотографиран во јапонски ресторан во Будимпешта