14 Мај, 2024
0.0260

Први Nestlé безглутенски житарки за доручек на македонскиот пазар

Објавено во: Мои пари 09 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Компанијата Nestlé лансираше безглутенски житарки за појадок Corn Flakes и Gold Flakes на македонскиот пазар. Станува збор за први безглутенски житарки на домашниот пазар кои имаат сертификат од Европското здружение за целијакија (AOECS) кои на самото пакување имаат препознатлив знак прецртан клас пченица. Целијачната болест од која според проценките на надлежните здравствени институции болуваат околу 5.000 луѓе во Македонија, се карактеризира со нетолеранција на глутен-белковини во организамот кој ги има во пченицата, р’жот и јачменот. Коа ќе се земе во предвид и бројот на луѓе кои немаат проблем со целијакија, туку некој друг проблем поврзан со нетолеранцијата на глутен бројката е значително поголема. Corn Flakes 500 Gluten Free 3D ,,Nestlé житарките за појадок Corn Flakes и Gold Flakes без глутен се потребни на се поголем број луѓе заболени од целијакија, односно оние кој страдаат од трајно пореметување на нетолеранција на глутен. За да се осигураме да имаат повеќе избор, го проширивме асортиманот на житарки за појадок. Новите производи се резултат на иновација во наштата технологија за производство, која ги подржува посебните услови за производство на безглутенски производи, за кои е неопходно да се исполнат сложени услови, со што би се спречила вкрстената контаминација на производите. Производството на Nestlé Corn Flakes и Gold Flakes во целост ги задоволува строгите критериуми на производство. Corn Flakes и Gold Flakes без глутен коа станува збор за вкусот се еднакви на другите производи, а притоа се збогатени и со витамини”, изјави Александра Малешевиќ, нутриционист на компанијата Nestlé Adriatic. Луѓето кои имаат целијакија секојдневно се сретнуваат со предизвици да го организираат доволното внесување на витамини и минерали, како што се железо, калциум, магнезиум и витамините Д и Б. Тоа е посебно изразено кај луѓето без поставени дијагнози или оние кои не се лечат правилно, и доаѓа до проблеми на апсорбирање на потребните хранливи материи во организмот, доведувајќи ги организмите до неухранетост. Затоа луѓето кои се придржуваат на строгите безглутенски диети треба се трудат да конзумираат што поголеми количини на храна богата со витамини и минерали, за да им се олесни борбата против оваа болест.

Можеби ќе ве интересира

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот