21 Мај, 2024
0.0261

Народната банка ќе потроши 2,2 милиони евра за нови банкноти

Објавено во: Економија 16 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Народна банка ќе потроши околу 2,2 милиони евра за печатење на нови банкноти во апоени од 100, 1.000 и 2.000 денари. Веќе е договорен првиот оператор - руското акционерско друштво „Гознак“, кое ќе треба да ги изработи 100-ките за 24,6 милиони денари, или 400.000 евра. За банкнотите од 1.000 и 2.000 денари треба да се извлече најповолната понуда на 20 септември, откако еднаш јавната набавка не успеа, а услугата ќе чини 107 милиони денари заедно.

На банкнотите наместо „Народна банка на Република Македонија“, ќе треба да пишува „Народна банка на Република Северна Македонија“. Ќе треба да бидат изработени за десет месеци, со што во оптек би биле пуштени на средината на идната година. Бројот на изработените банкноти од 100 денари треба да биде 20.000.000 единици.

„Гознак“ инаку е акционерско друштво од Москва со специјалност за изработка на кредитни и дебитни картички, а покрај рубљите, печати пари и за странски земји. Сега преостанува тендерот на централната банка за апоените од 1.000 и 2.000 денари, а понудите треба да се отворат на 20 септември.

- Рокот за доставување понуди по јавната набавка на книжните пари со апоенска вредност од 1000 и 2000 денари останува непроменет, до 10 часот на 20 септември 2021 година, за кога е закажано јавното отворање на доставените понуди.

На претходната постапката за јавна набавка на книжните и кованите пари со апоенска вредност од 1000 и 2000 денари не беше поднесена ниту една прифатлива понуда и од тие причини постапката беше поништена. Во однос на новата постапка, неби можеле да се произнесеме сѐ до моментот кога Комисијата за јавна набавка ќе изврши целосна евалуација на пристигнатите понуди, којашто следи по јавното отворање.

Повторената постапка за јавна набавка се однесува на набавката на книжните пари со апоенска вредност од 1000 и 2000 денари, со оглед на тоа што постапката за јавна набавка на книжните пари со апоенска вредност од 100 денари заврши успешно. Следствено, проценетата вредност на набавката на овие апоени изнесува 107 милиони денари, што е јасно видливо и наведено во Огласот за јавна набавка бр. 14628/2021, објавен на е-системот за јавни набавки, гласи подеталното објаснување кое го добивме од Народна банка.

За 20.000.000 банкноти од 1.000 денари треба да бидат платени 70 милиони денари, додека за 10.000.000 банкноти од 2.000 денари понудата од Народна банка е 37 милиони денари.

Според НБРСМ оваа замена на банкнотите се планирала заради нивната остареност, а ако веќе тоа се прави, ќе се направи и замената на името на институцијата што ги издава парите. Пуштањето во промет нема да биде пред јули 2022.

„Централната банка води сметка за природниот животен век на парите. Издавањето нови серии банкноти во апоени од 100, 1.000 и 2.000 денари во текот на оваа година беше планирано уште пред неколку години, врз основа на среднорочните анализи за количини што се потребни заради редовна замена на книжните и кованите пари од постојните изданија, кои ги изгубиле карактеристиките за соодветност за оптек, како и заради обезбедување и одржување континуитет на воспоставениот редовен процес на снабдување со готовина“, објаснија претходно од централната банка.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

„Mоќно средство на економската дипломатија“: еве што кажа Мицотакис за трговската ознака „Macedonia the Great“

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЗЛАТОТО? Цената повторно на рекордно ниво

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ВАЖНА ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА- ВАЖИ И ЗА ДИЗЕЛАШИ И ЗА БЕНЗИНЦИ: По полноќ поевтинуваат сите горива, еве ги новите цени

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

Адвокатска комора на Македонија: Членот 368 од Законот за облигациони односи е спротивен на уставот и ги прекршува човековите права, неопходно е решение

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

НЕКОЈ МНОГУ САКАШЕ АКЦИИ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ПЛАТИ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - нови поместувања во структурата на хотелиерската компанија

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

ФАКТОР АНАЛИЗА: Прават милиони евра од цевки и камен

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?