24 Април, 2024
0.0263

НОВОТО ИМЕ ЌЕ СЕ НАЈДЕ И НА БАНКНОТИТЕ ОД 100 И 2.000 ДЕНАРИ - но дури од средината на идната година

Објавено во: Финансии 04 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Советот на Народната банка донел одлука за издавање на банкноти од 100 и од 2.000 денри со изменети белези, односно со додавање на Северна во името на Народна банка кое стои на банкнотата. Овие две одлуки вчера беа објавени во Службен весник.

Сепак, според информациите, одлуките за издавање на банкнотите со новото име на државата, не значи и дека тие во брзо време ќе бидат пуштени во промет. Или поконкретно, тие сигурно нема да дојдат во рацете на граѓаните пред јули идната година, а можеби и подоцна.

А како што е познато, уште лани беа донесени одлуки за издавање на банкноти од 500 и 10 денари со новото име на државата. Првичните најави беа дека токму во минатата 2020 година тие банкноти треба постепено да почнат да се пуштаат во промет, но тоа не се случи. Имено, за нив се уште не се донесени одлуки за пуштање во промет. Кога тоа ќе се направи - се објаснува дека ќе биде тогаш кога за тоа ќе има потреба.

ОДЛУКИ НА СОВЕТОТ НА НБРСМ

Еве кои се најновите одлуки на Советот на НБМ објавени во Службен весник.

„Врз основа на Законот за Народна банка, Советот на НБРСМ донесе одлука за издавање книжни пари во апоен од 100 денари со изменети белези... Книжните пари во апоен од 100 денари ги имаат основните белези опишани во Одлуката за издавање апоенска структура и основни белези на книжни пари..., со следниве измени: Во Одлуката за издавање апоенска структура и основни белези на книжни пари зборовите: „Народна банка на Република Македонија“, се заменуваат со зборовите: „Народна банка на Република Северна Македонија". Оваа одлука стапува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник, односно 26 февруари“, се вели во одлуката.

Втората одлука е за банкнотите од 2.000 денари.

„Врз основа на Законот за Народна банка, Советот на НБРСМ донесе одлука за издавање книжни пари во апоен од 2.000 денари со изменети белези... Книжните пари во апоен од 2.000 денари ги имаат основните белези опишани во Одлуката за издавање и основни белези на книжните пари во апоени од 200 и 2000 денари, со следниве измени: Во Одлуката за издавања и основни белези на книжните пари во апоени од 200 и 2.000 денари, кратенката: "НБРМ" се заменува со кратенката: "НБРСМ". Зборовите: "Република Македонија" се заменуваат со зборовите: "Република Северна Македонија"… Зборовите: "Народна банка на Република Македонија" се заменуваат со зборовите: "Народна банка на Република Северна Македонија“, се вели во одлуката.

Ја прашавме Народната банка што значат овие одлуки и кога всушност овие банкноти со новото име на земјава ќе бидат пуштени во промет.

Од одговорот може да се заклучи дека од поодамна се планирала замена на банкнотите заради нивната остареност, а ако веќе тоа се прави, ќе се направи и замената на името на институцијата што ги издава парите, односно Народна банка на Северна Македонија. Сепак, одлуката за издавање на овие банкноти, потенцираат од НБРСМ, не значи и одлука за нивно пуштање во промет.

НЕМА ДА СЕ ПУШТАТ ВО ПРОМЕТ ПРЕД ЈУЛИ 2022 ГОДИНА

„Централната банка води сметка за природниот животен век на парите. Издавањето нови серии банкноти во апоени од 100, 1.000 и 2.000 денари во текот на оваа година беше планирано уште пред неколку години, врз основа на среднорочните анализи за количини што се потребни заради редовна замена на книжните и кованите пари од постојните изданија, кои ги изгубиле карактеристиките за соодветност за оптек, како и заради обезбедување и одржување континуитет на воспоставениот редовен процес на снабдување со готовина. Накусо, станува збор за редовен процес, што е планиран поодамна, во согласност со процените во кои предвид се има природниот животен век на парите кои веќе циркулираат во оптек“, објаснуваат од централната банка.

Оттаму нагласуваат дека одлуките за издавање книжни пари во апоени од 100, 1.000 и 2.000 денари, донесени од Советот на НБРСМ, не се истовремено и одлуки за пуштање во оптек.

„Во претстојниот период ќе почнат активности што се однесуваат на нивното печатење (јавна набавка итн.), а имајќи ги предвид комплексноста и времетраењето на процесот на печатење пари, севкупниот процес би бил подолготраен, односно не се очекува да заврши пред втората половина на следната, 2022 година. Пред овој период не може да се очекува пуштање на овие банкноти во оптек. За пуштање банкноти во оптек, Советот носи нова односно друга одлука, која и во конкретниот случај ќе биде донесена согласно со животниот век на парите и количините што циркулираат во оптек“, децидни се од Народната банка, додавајќи дека издавањето на парите во ваква временска рамка пред нивното пуштање во оптек се должи на неопходноста таа секогаш навреме да е подготвена за непречено снабдување со готовина. 

Освен што ќе се додаде зборот Северна во името на НБРСМ, други промени во изгледот на парите, ќе нема.

„Во однос на изгледот и белезите на парите, особено би сакале да посочиме дека концептот на ликовно-графичкиот дизајн на новите изданија на парите во апоени од 100, 1.000 и 2.000 денари е целосно задржан, без ниту една суштинска измена во однос на изданијата од овие пари коишто се во оптек. Издавањето или понатаму пуштањето во оптек на новите серии банкноти, не значи повлекување од циркулација на постојните серии коишто се важечки. Напротив, банкнотите од постојните серии, коишто ги немаат изгубено карактеристиките за соодветност за оптек, ќе продолжат да циркулираат и да се употребуваат и натаму, во исто време со новите изданија банкноти“, велат од централната банка.

ИМА ВРЕМЕ ДОДЕКА ДА МОРА ДА ЈА ИСПОЛНИМЕ ОБВРСКАТА

Инаку, на прес-конференција одржана во мај 2019 година, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека граѓаните ќе ги користат книжните пари со новото име на државата од јануари следната година (2020 година - н.з), објаснувајќи дека според динамиката на печатење, прво ќе бидат пуштени банкнотите од 500 и 10 денари. 

„Парите ќе се повлекуваат и ќе се пуштаат во оптек во согласност со природниот циклус и потребите. Очекуваме првите банкноти да излезат на почетокот од следната година. Ова е подолг процес, но ние веќе имаме распишано два тендера и очекуваме таа постапка да биде реализирана во согласност со нашите проекции“, рече Ангеловска Бежоска. 

Како што е познато, промената на името на парите е содржано во Преспанскиот договор, но целосната замена треба да заврши дури по пет години од отворањето на соодветното поглавје од преговорите со ЕУ кое се однесува на монетарната политика. Но, со оглед што ние се уште не сме ни почнале преговори со ЕУ, излегува дека е долг периодот кога парите ќе мора да бидат целосно заменети.

Меѓуресорската група формирана во февруари 2019 за Преспанскиот договор најави дека Народната банка ќе има сериозни обврски, и е задолжена да направи план за постепена замена на банкнотите, со оценета временска динамика, водејќи сметка за макроекономската стабилност. 

„Првите банкноти со новото име би можеле да бидат изготвени на почетокот на 2020 година, а потоа, сукцесивно да бидат заменети најдоцна во рок од пет години од отварањето на релевантното ЕУ-поглавје“, соопшти тогаш меѓуресорската група.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо