27 Април, 2024
0.0288

ПРВАТА ДАМА ПОРАЧА - Жени, внимавајте на своето срце

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Сопругата на Претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, заедно со сопругите на амбасадорите акредитирани во државата, и амбасадорката на Украина, активно се вклучија во акцијата за јакнење на свесноста за женското кардиоваскуларно здравје „Црвен аларм за женското срцево здравје“.

Денеска, со личен пример преку прегледи и разговори за ризиците од ова заболување, се заложија за промена на погрешната перцепција дека кардиоваскуларните болести се болест ексклузиво само за машката популација. Болестите на срцето се за осум пати поголема причина за смртност кај жените во споредба со карциномот на дојка. Токму затоа, превенцијата е од исклучително значење, истата треба да започне што порано во животот на младите жени.

Ѓоргиевска вели дека ова е здравствен проблем и тема што досега се занемарени и се во сенка на други болести кои не се поубиствени од болеста на срцето, но, многу повеќе се експонирани и застапени во јавноста низ разни акции.

„Јас сум тука заедно со дел од сопругите на амбасадорите, акредитирани во Република Северна Македонија, да дадеме поддршка за акцијата Црвен аларм за женското срцево здравје, која ќе трае во наредните три месеци, до 1-ви февруари. Сакам да апелирам до жените на било која возраст да отидат во нивните семејни амбулантии да извршат скрининг, односно проценка на ризикотза кардио-васкуларни заболувања, бидејќи за жал, иако сметаме дека  карциномот на дојка е еден  од најголемите убијци на жената, смртноста од кардио-васкуларни проблеми е драстично поголема. Ако смртноста од карцином на дојка е еден наспрема 31, смртноста  од кардио-васкуларни болести е еден наспрема три“, изјави Ѓоргиевска.

Акцијата ќе се одвива три месеци, до февруари наредната година, поточно, до Денот на одбележување на женското срцево здравје.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“