17 Мај, 2024
0.1835

Прва владина седница - нови заменици: Рашковски заминува?

Објавено во: Македонија 01 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Прва владина седница денеска - премиерот Зоран Заев и избраните министри ќе седнат во салата на Владата од каде во следниот мандат ќе носат клучни одлуки за државата. Како и на секоја прва владина седница ќе се определат замениците на претседателот на Владата. Прв вицепремиер е Артан Груби од ДУИ. Оваа функција се воведува прв пат во владината практика. Тој ќе биде и министер за политички систем. Вицепремиер за корупција, одржлив развој и човечки ресурси ќе биде Љупчо Николовски. 

Никола Димитров е вицепремиер за европски прашања, а Фатмир Битиќи вицепремиер за економски прашања. Дали денеска ќе се разговара за избор на нов државен секретар и дали на местото на досегашниот Драги Рашковски ќе има замена не се потврдува. Дел од медиумите објавија дека на негово место ќе биде избран Дамјан Манчевски, досегашниот министер за информатичко општество и јавна администрација. 

„На првата конститутивна седница се очекува да бидат разгледани предлозите за определување на заменици на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, предлозите за именување на претседатели и членови на основните комисии на Владата, како и предлозите за именување на претседатели и членови на посебните комисии, стои во известувањето од Владата. 

Инаку генерален секретар на Владата се избира по предлог на претседателот на Владата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање