19 Мај, 2024
0.0292

Прв државен натпревар “Прва Лего Лига“-Над 100 деца се натпреваруваат со свои иновативни решенија

Објавено во: Мои пари 23 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Над 100 деца денеска во Штип се натпреваруваат на првиот државен натпревар „Прва Лего Лига“ за деца од 9 до 16 години што е меѓународна мултидисциплинарна истражувачка програма која ги инспирира младите луѓе да истражуваат во науката и да решаваат реални проблеми.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски истакна дека преку вакви активности и младите од најрана возраст покажуваат интерес за новите технологии и дигитални вештини.

“Живеете и учите во време кога дигитализацијата и новите технологии постојано се менуваат, се надградуваат, и секој ден има нов пронајдок што го менува изгледот на светот. Ова беше незамисливо во времето кога учев јас. Оваа предност мора да ја искористите“, порача Манчевски. Министерот додаде и дека само преку најновите технологии може да се придонесе за економскиот и социјалниот напредок во дигиталната ера, а таа цел може да се постигне само со вложување во најмладите.


Фондот за иновации и технолошки развој има посебна програма наменета за младите и ќе продолжи да дава поддршка на вакви иницијативи и активности рече директорот Јован Деспотовски. 

“Навистина сум среќен што сум денес на отворањето на Првата Лего лига во Македонија. Поддршката што ФИТР минатата година ја даде на еден тим ученици од Кочани за учество на глобален натпревар во САД еве веќе се проширува и прераснува во национален натпревар, со над 100 учесници. Фондот наскоро ќе излезе со нова иницијатива за развој и поддршка на талентирани деца,“ најави Деспотовски.

Инаку натпреварот е во организација на Факултет за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а учествуваат 10 тимови од Кочани, Виница, Струмица, Скопје и Штип. Тимовите кои ќе ги освојат првите две места ќе одат на регионалниот натпревар што ќе се одржи во Целје, Словенија на 16 март 2019 година.

Натпреварите од оваа лига се организираат во целиот свет, а оваа година учествуваат околу 40,000 тимови од 98 земји. Факултетот лиценцата за натпреварот ја доби од својот партнер „Завод Супер Главче“ од Словенија, кој е одговорен за овој регион.


Оваа година темата на проектот е „ВО ОРБИТАТА“ а тимовите имаат задача да идентификуваат физички или социјален проблем со кој луѓето се соочуваат за време на нивното долгорочно истражување на вселената во нашиот Сончев систем, како и да предложат решение.

Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст