ПРОТОКОЛОТ ЗА ЛЕКУВАЊЕ КОВИД Е ЈАВНО ОБЈАВЕН: Високата смртност е резултат на запоставување на сопственото здравје, смета Петличковски
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2022
Препораките или протоколот за лекување на корона вирус од денеска и официјално се објавени на страницата на Министерството
за здравство, но како што на
прес-конференцијата информираше претседателот на Комсиијата за заразни
болести д-р Александар Петличковски,
ова претставува само водич, но не е обврзувачки.
-Освена што препораките за лекување на корона вирусот се ставени на веб-страницата на Министерството за здравство, тие се дистрибуирани и до сите лекари. Оваа верзија на препораки е четврта или петта по ред од септември 2021, но како се доаѓа до нови сознанија, така и се менуваат протоколите. Препораките се за придржување до добра, докажана медицинска пракса при лекувањето на ковид. Состојбата е динамична, се случуваат промени. Инаку, во ниеден контекст не можам да кажам дека зголемената смртност од Ковид-19 е резултат на непочитување на протоколите. Мислам дека голем дел на високата смртност се должи на нашето запоставено здравје.Да, има земји со пониски бројки, но тие земји имаат многу различна здравтсвена култура од нас. Јас сум убеден дека сите здравствени работници според нивните сознанија најдобро се обидуваат да се справат со Ковид-19. Бројките ни се високи, но редовно ги споредувам со Словенија, со слична структура на населението и таму и во оваа фаза на пандемијата бројките се редовно над 20, потенцираше Петличковски.
Оцифијалните препораки за лекување на ковид во земјава може да ги погледнете на следниов ЛИНК.
А. Б.