19 Мај, 2024
0.0333

Протестите во Приштина ескалираа – над 80 повредени и 100 приведени

Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Приведени 100 лица, а повредени 29 демонстранти и 56 полицајци во денешните протести во Приштина. Според косовските медиуми, приштинските улици сега се празни, а во градот е мирно по силниот судир меѓу полицијата и демонтрантите. Демонстрантите се повлекоа доцна попладне, околу 18 часот, но низ градот сѐ уште има полициско обезбедување, јавува српскиот медиум Б92. Во центарот на Приштина оштетени се многу објекти и излози. Демонстрантите врз специјалните полициски единици фрлале камења, тврди предмети и молотови коктели, а полицијата им возвратила со солзавец, водени топови и гумени куршуми. kosovo 1Директорот на косовската полиција Шпенд Маџуни изјави дека во денешните насилни протести полесно или потешко се повредени 56 полицајци. Според него мирните протести ескалирале во насилни кога одредени групи почнале да го загрозуваат јавниот ред и мир. Меѓу приведените бил и градоначалникот на Приштина и потпретседател на движењето Шпенд Ахмети, но тој набргу бил пуштен. Според косовските медиуми повреден е и шефот на „Самоопределување“ Висар Имери. Демонстрантите носат пароли „Без Трепча нема држава„, „Трепцча е наша, а не српска“, „Иса (премиерот на Косово Мустафа) е слуга на Србија“, „Хашим (првиот потпретседател на владата Тачи) во затвор“ и други. Демонстрантите бараат и смена на министерот за враќање и заедници, Александар Јаблановиќ зашто демонстрантите што на Божик во Ѓаковиќа спречија да минат автобуси со раселени Срби ги нарекол „дивјаци“, како и комбинатот Трепча итно да стане јавно претпријатие, на што се спротивставува владата на Србија и политичките претставници на Србите од Косово. Премиерот на Косово и заменик премиерот Иса Мустафа и Хашим Тачи, денешните протести ги оценија како напад врз институциите на Косово и обид за насилно превземање на власта. УМНИК изрази загриженост поради случувањата. [embed]https://www.youtube.com/watch?x-yt-ts=1422327029&v=y3HhDIamFaE&x-yt-cl=84838260#t=6306[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел