18 Мај, 2024
0.0280

Протестите се забранети во Украина

Објавено во: Свет 21 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Стапи на сила контроверзниот Закон за забрана на протести во Украина и покрај насилните демонстрации против него кои втор ден продолжуваат низ улиците на Киев. Законите се објавени во службениот весник „Глас на Украина“ и официјално се на сила, иако опозицијата и натаму бара нивно повлекување. Законите кои пред четири дена ги потпиша претседателот на Украина Владимир Јануковиќ предвидуваат казни до 15 дена за поставување на шатори или бини на јавни места без одобрени од власта. Како и затворски казни до 5 години за луѓе кои ги блокираат државните згради и казни за оние кои демонстрираат со маски или кациги. Со пиротехнички средства демонстрантите и ноќеска се судрија со украинската полиција. Триесетина демонстранти се уапсени,  медиумите јавуваат и за голем број повредени, меѓу нив има и 26 новинари. Претседателот Јанукович изрази загриженост за состојбата и повика на дијалог и компромис.  Состојбата е сериозна и нередите можат да се прелеат во целата земја, додаде Јанукович.  Но, според незадоволните граѓани, за преговори е премногу доцна.
http://www.youtube.com/watch?v=zAGfDSyLEhc

Можеби ќе ве интересира

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков