ПРОТЕСТ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Граѓаните бараат промена на ДУП-от
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2020
Граѓаните на Општина Ѓорче Петров под мотото „Стоп за урбаната мафија’“ денеска протестираа против урбаното дивеење односно изградбата на 60 метарски згради во населеното место „Дексион“.
„Ние како граѓанска иницијатива против урбаното дивеење за спас на „Дексион“ од ова место го креваме својот глас против урбаното дивеење и самоволие во ова населено место и јавно се спротиставуваме против новиот дупот С324 со кој се овозможува подигање на бетонски ѕид токму на ова место. Две недели се обидуваме да добиеме одговор на нашите барања од општината, а две недели добиваме молк“, рекоа од граѓанската иницијатива.
Го прашуваат градоначалникот Александар Наумовски дали се потрудил да ги информира граѓаните од ова населено место за променета на ДУП-от и што ќе се гради.