Протераниот бугарски пратеник очекува враќање на ветото за Македонија
Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2023 18:28
Бугарскиот пратеник Ангел Георгиев очекува ново вето од Бугарија за Македонија.
Тој е протеран од Македонија и вчера не успеа да стигне на гробот на херојот Гоце Делчев. Се жали дека на студено време морале да чекаат на граница, имало долга колона.
„Околу пет-шест часа имаше огромна колона Бугари кои сакаа да го почитуваат споменот на Гоце Делчев. Тоа намерно го направија македонските власти“, рече Георгиев.
Вели дека имал модринка на окото. Тврди дека полицајците ги тепале.
„Телефонот ми падна и остана таму и не ми го вратија. Побарав да се јавам на адвокат, не ми дозволија, сакав да викнам доктор но ми рекоа дека не работат за викенд и не ми дозволија да контактирам со моето семејство“, рече Георгиев.
Тој тврди дека не навредувале полицајци, но од видеата се виде дека имаше навреди кон македонските полицајци. Вели дека ќе се жалат на одлуката на судот во Северна Македонија, пренесе ,,24часа”.
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




