19 Мај, 2024
0.0274

Просветно дело со два нови прирачници: Воспитувачот како пример за добро говорење

Објавено во: Мои пари 05 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Во просториите на Детската градинка „Бубамара“ во Скопје, неодамна беа промовирани два нови прирачника за воспитувачите од детските градинки, од едицијата КОМПЕТЕНТЕН ВОСПИТУВАЧ, насловени како „Интерактивна комуникација воспитувач – дете“ и „Воспитувачот, писменоста и говорниот развој кај децата“, потпишани од авторските тимови во кои учествуваат универзитетските професори Лена Дамовска, Флорина Шеху, Елизабета Томевска-Илиевска, Ана Фрицханд и Кирил Барбареев. Прирачниците ги промовираше проф. д-р Снежана Адамчевска, а за нивното значење и улога за професионалниот развој на воспитувачот говореа рецензентите Елена Устамитова и Ајрие Дачи.

Првите три прирачници од оваа едиција насловени како: „Компетентен воспитувач“, „Воспитувачот како истражувач“ и „Воспитувачот и средината за рано учење и развој“, беа промовирани во декември минатата година, како најава на нова едиција од 10 прирачници наменети за воспитувачите во детските градинки.

Издавачката куќа ПРОСВЕТНО ДЕЛО посветено работи на полето на прирачната литература за предучилишно воспитание и образование, така што во период од неполни четири години објави над 15 интерактивни и интегрирани прирачници наменети за работа со деца од 3 до 6 години.


Од минатата година, интензивно се посвети на создавање прирачна литература исклучиво за воспитувачите во детските градинки, во соработка со високообразовните институции во државата, но и со детските градинки и воспитувачите кои секојдневно се вклучени во планирањето и реализацијата на актуелната воспитно-образовна програма.

Со цел да се презентираат најновите светски трендови во работата со најмладата популација, но и да се споделат добри, корисни и проверени практики во секојдневното реализирање на воспитно-образовните активности во детските градинки, авторскиот тим предводен од проф. д-р Лена Дамовска, во создавањето на оваа едиција прирачници активно ги вклучи и воспитувачите од речиси сите детски градинки во нашата земја.

 Во четвртиот прирачник, насловен како „Интерактивна комуникација воспитувач дете“, се укажува на круцијалната улога и значење на воспитувачот и на неговиот говор како претпоставка за правилен говорен развој кај децата од предучилишна возраст. Во него се нагласува значењето навоспитувачот како пример за добро говорење, воспитувачот како пренесувач на јазични знаења на децата и конечно, воспитувачот како квалитетен партнер во комуникацијата со децата.

Во прирачникот се укажува на потребата за постојано поттикнување на децата на говорна активност и негување на чувството за постоење културна и јазична различност.Токму затоа, во негосе нудат примери на активности и потврдени добри практики кои се реализираат кај нас со децата од различен културен и социјален контекст.

Преку понудените практични примери, внимателно се апострофираат фонетската, лексичката и синтаксичката страна на говорот во различни ситуации, на различна возраст, во одреден амбиент каде што се реализираат конкретните активности со децата. Притоа, се укажува на значењето на воспитувачот кој неминовно ги следи и детската гестикулација, точност, логичност, течност, изразност, гласност, јасноститн., како елементи на правилното говорно изразување на децата

 „Воспитувачот, писменоста и говорниот развој кај децата“ е петтиот прирачник, и во него се посветува внимание на улогата и на значењето на стекнувањето основна јазична писменост кај децата од предучилишна возраст. Намерата на прирачникот е да се потенцира значењето на квалитетното усвојување на јазикот, на говорните вештини и способности кај децата од аспект на нивниот ментален концепт.

 Стимулирањето на правилното усвојување на говорот кај децата, но и на способноста за разбирање на говорниот јазик, е многу важен елемент во процесот на квалитетно усвојување на содржините од подрачјето Јазик, комуникација и развој на писменоста кај децата.

Токму затоа, способноста на децата за слушање, разбирање и доживување на јазикот е значајна претпоставка за развој на сигурна личност која ќе умее слободно да комуницира, да истражува, постојано наоѓајќи нови начини за откривање и усвојување на знаењата во животот.

Дали квалитетната говорна стимулација кај децата од 0 од 6 години има влијание во нивните понатамошни постигнувања во формалното образование?

Одговорот на ова прашање упатува на заклучокот дека начинот на кој подоцна се изразуваат децата, јасноста, логичноста, точноста се само некои показатели за правилното усвојување на јазикот и писменоста во раниот и во предучилишниот период.

Понудените практични примери во прирачникот „Воспитувачот, писменоста и говорниот развој кај децата“ укажуваат на значењето на создавањето адекватни услови за демонстрација на детските говорни вештини и на стимулирањето говорни игри.

Преку постојано читање, кај децата може да се зголеми интересот и за печатени материјали. Затоа, зголемениот интерес за писмено изразување кај децата не треба да се занемарува – напротив, треба да се воведува секое дете во запознавањето со основите на пишаниот јазик и треба да се поттикнува интересот за пишаните симболи и букви.

Со овој прирачник, повторно сакаме да укажеме дека местото на основната писменост е во предучилишниот период. Нејзиното педагошко толкување треба да оди во прилог на стимулирањето на правилниот говорен развој кај децата од предучилишна возраст.

Можеби ќе ве интересира

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда