15 Мај, 2024
0.0421

Прослава за 145 години постоење на S.T. Dupont во Француската резиденција во Скопје

Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Францускиот брендза луксузни производи S.T. Dupont го прослави 145-от роденден и ги промовираше новите луксузни колекции на настанот кој се одржа во Резиденцијата на францускиот амбасадор во Скопје.

На забавата се обратија г-ѓа Олга Пастернак, извршниот директор на S.T. Dupont за Источна Европа, како и неговата екселенција, г-динот Кристијан Тимоние – францускиот амбасадор во Р.Македонија.

S.T. Dupont е реномиран француски бренд и производител на запалки, колекционерски пенкала, чанти, прибори и додатоци за уживатели на пури и други луксузни производи. Компанијата произведува префинети и уникатни предмети од своето основање во 1872-та година. Основач на компанијата е Симон Тисот–Дупонт, по чие име и иницијали е добиено името на компанијата. Првите сериски произведени запалки се создадени во 1941 година, кои биле направени од алуминиум. Од 1958 до 1963 година, сите запалки се доработени со 18 каратно злато.

На прославата беше претставена првата луксузна запалка во производство на S.T. Dupont,историски примероци на куфери за патување, најсофистицирани колекции на скулптури со вградени запалки и пенкала, како и лимитирана серија на луксузни производи.

S.T. Dupont 145 години рачно изработува исклучителни подароци за исклучителни луѓе. Неизмерно се горди секој пат кога една од нивните креации ќе стане дел од нечија семејна приказна.

Дел од производите на S.T. Dupont ексклузивно може да ги најдете во SIGMA Jewelry, продавниците за златен накит и накит со дијаманти,  кои се наоѓаат во ГТЦ Скопје и Skopje City Mall. 


Можеби ќе ве интересира

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година