15 Мај, 2024
0.0830

Пропадна набавката на респиратори: Двете фирми го „извисија“ јавното здравство

Објавено во: Македонија 25 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за здравство ги избра ама двете фирми кои требаше да набават респиратори за јавното здравство известиле дека нема да бидат во можност да ги испорачаат респираторните машини согласно договорот. Поради ова, јавната набавка се поништува и ќе биде повторно распишана. Станувза збор за 31 респиратори. 

Како што објави Фактор стануваше збор за тендер вреден над 900 илјади евра. Министерството ги купи од две фирми - Соникс Анастасија и Винора ДООЕЛ. Од Соникс Анасатасија која и порано е една од клучните преку кои здравствените установи ги вршеа набавките се купени 26 респиратори, а останатите пет се од Винора.

За договорот на Соникс требаше да му се исплатат  околу 40 милиони денари, додека на Винора околу 7,7 милиони денари. Вкупната сума во евра за Соникс е околу 770 илјади евра додека за Винора се околу 125 илјади евра.

Соникс требаше да ги набавува респираторите од Јужна Кореа, а Винора од Германија. Според договорот тие имаа рок од најмногу 30 дена да ги донесат респираторите овде

-Во меѓувреме, Република Северна Македонија доби 12 респираторни машини од Европската Унија со што се надополнија посточеките капацитети. Вклучувајќи ги новите машини коишто пристигнаа, во здравствените институции ширум земјата во моментот има на располагање преку преку 130 респираторни машини, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

.Во моментов на респираторна машина има приклучено вкупно 11 пациенти, со што капацитетите се исполнети нешто помалку од 10 отсто


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“