04 Мај, 2024
0.0251

Промоција на проектот ИноПлатформа-платформа и алатки за зголемување на иновативниот капацитет на МСП во Балканската и Медитеранската област

Објавено во: Мои пари 13 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Денеска во Охрид сепромовирашеИноПлатформа, европски проект под лидерство на Центарот за Управување со знаење од Македонија.  ИноПлатформа е двегодишен проект, финансиран од Интерег Програмата на Европската Унија за Балканско-Медистеранската област, спроведуван од 6 организации и институции од 5 земји на БМ област: Македонија, Кипар, Грција, Бугарија и Албанија.

ИноПлатформа ќе работи во делот на зголемување на постоечкото знаење за иновации во бизнис моделите кое би се преточило во развој на алатки (InnoTools) и сервиси (InnoScoreardи InnoRegion), и воспоставување на инфраструктура на Центри за извонредност во иновации, чија заедничка цел е подобрување на можностите, капацитетите и знаењето на МСП-ја во воведувањето на иновациии зголемување на конкурентноста.

“Целта на овој проект, кој официјално стартува денес, е да ја зголеми конкурентноста на малите и средни претпријатија од регионот преку подобрување на иновативниот еко систем. Новината во оваа иницијативата или state of the art е тројна:

·  Согледување на трендовите во иновациите на бизнис моделите кои се случуваат во регионот со посебен фокус на оние модели кои ја поттикнуваат интернационализацијата.

·  Развој на серија на практични иновативни алатки и сервиси чија цел е да бидат едноставни водилки за поддршка на иновативниот процес кај МСП-ја во регионот;

·  Воспоставување на инфраструктура на Центри на извонредност во иновациите, лоцирани во сите пет земји од Балканско—медитеранската област за подобрување на пристапот на МСП-ја до знаење и експертиза во делот на иновациите.

„Особено сме горди на успехот на ИноПлатформа при селекцијата на проектите бидејќи сме едниствен проект во Интеррег Балканско-Медитеранската програма (2014-2020) кој го води проектен лидер од земја која не е членка на ЕУ. “, изјави г-ѓа Андријана Богдановска, директор на Центарот за Управување со знаење на денешниот иницијален состанок на организациите вклучени во реализација на овој проект кој се одржува во Охрид.

Носител на проектот InnoPlatformе Центарот за Управување со знаење.

Повеќе информации на: http://www.knowledge-center.org

Проектот е финансиран преку првиот повик на програмата на Европската Унија InterregBalkanMed Programme 2014-2020.

Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија