15 Мај, 2024
0.0273

ПроKредит беше дел од деловната посета на Владата на Македонија во Франкфурт, Германија

Објавено во: Мои пари 10 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

ПроКредит Банка, како единствена германска банка во Македонија беше присутна на деловната посета на Владата на Р.Македонија во Франкфурт, Германија. Целта на присуството на ПроКредит Банка беше да се сподели позитивното искуство од инвестициите на германскиот акционер ПроКредит Холдинг во Македонија. ПроКредит Холдинг Германија во Македонија е присутен со три инвестииции: ПроКредит Банка, ПроКредит Регионалната Академија во Велес, Quipu ИТ регионална компанија за ИТ консалтинг за ПроКредит Групацијата. ПроКредит преку своето присуство во Македонија, регионот и Германија значајно може да го олесни финансиското работење на оние компании кои имаат свои претставништва на Балканот и Источна Европа. Со претставници на Владата и потенцијалните германски инвеститори се сретна Кристоф Фрајтаг, Директор на ПроКредит Банка во Германија и Стевче Кузмановски, Директор на сектор за мали и средни претпријатија на ПроКредит Банка Македонија. ‘’Ние сме задоволни од работењето на нашата Банка во Македонија за овие 11 години. ПроКредит Банка е пример како една странска директна инвестиција може да има позитивен придонес за развој на реалниот сектор. Моменталното кредитно портфолио на банката во Македонија е 211 милиони евра и е најквалитетно на ниво на банкарскиот сектор во Макеоднија. Тоа е значајна  кредитна поддршка за здрав развој на малите и средни бизниси,  придонес за економското раздвижување и креирањето на нови работни места, изјави Кристоф Фрајтаг, Директор на ПроКредит Банка во Германија. Freytag_Kuzmanovski_Mizo Од ПроКредит Банка најавија дека се во преговри да се овозможи кредитирање на македонските бизниси директно од банката во Германија по поконкурентни услови. ‘Работејќи со нас, странските и домашните и бизниси во Македонија имаат пристап до виско квалитетна услуга и модерна технологија иста како во банката во Германија. Во моментот сме во преговори за бизнисите од Македонија да се финансираат директно од нашата банка во Германија. Тоа ќе значи и намалување на каматните стапки на кредитите за добрите и перспективни бизниси кои сакаат да инвестираат во проекти за развој на бизнисот. Тоа е голема предност за нас како банка и работиме со цел да го овозможиме овој бенефит за клиентите“, изјави Стевче Кузмановски, Директор на сектор за мали и средни претпријатија на ПроКредит Банка Македонија. ПроКредит е банка со германски капитал, дел од Групацијата на ПроКредит банки специјализирани за работа со мали и средни претпријатија. Како странска директна инвестиција, во Македонија работи од 2003 година.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти